МВР уапси дилер од демирхисарско, пронајдено и оружје

Од:

Полициски службеници од СВР Битола – ОВР Демир Хисар- ОКП Битола на 26.8.2022 го лишија од слобода Д.Ѓ. (43) од с.Вардино, Демир Хисар.

Тој неовластено набавил 37 семки од растението Cannabis и ги засадил во близина на неговата куќа, а инсталирал и систем за нивно наводнување.

На 26.08.2022 по претходно добиена наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот на Д.Ѓ., при што пронајдени и одземени се 37 стебла марихуана, метал детектор, ловна пушка „Црвена застава“, пиштол „VZOR“ 50 калибар 7.65мм со рамка со 3 куршуми, револвер 838М калибар 6мм, дигитална вага, футроли за пиштол, четка за чистење на оружје како и околу 80 куршуми од различен калибар.СВР Битола до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.

При преглед на теренот на парцели во с. Варадино и С. Единаковци од страна на полициски службеници од СВР Битола на три локации пронајдени се и одземени и 52 стебла марихуана со различна висина и развиеност и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спречен е транспорт на дрога во близина на Градско, уапсени се две лица

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он