МВР со детали за пукањето во Арачиново: Градоначалникот не е повреден

Од:

Најмалку едно лице е повредено во вооружен напад што денеска попладне се случил во скопско Арачиново, а настанот го потврдија и од МВР.

„Денеска (01.04.2024) во 13.25 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на влез на с. Арачиново машко лице со автоматска пушка пукало кон градоначалникот на о. Арачиново Р.И., кој бил заедно со уште неколку лица. При тоа повредени се две лица, кои биле заедно со градоначалникот. Градоначалникот не е повреден, а не се точни ниту шпекулациите објавени во дел од порталите дека е повреден полициски службеник. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот“, потврдија од МВР.

Пукано било кон автомобилот во кој се превезувал градоначалникот на оваа општина, Ридван Ибраими. Покрај него, во моментот на пукањето во возилото се наоѓале и неговиот возач и лице вработено во Општината.

Би можело да ве интересира

Брвеница избира градоначалник

Горан Наумовски

Мамдани најави истрага за пукањето во Бронкс

Левица: Депонијата во Арачиново гори, институциите бегаат од одговорност, а граѓаните дишат отров!

Екс градоначалникот на Вухан е осуден на 14 години затвор за примање 9 милиони долари мито

А1он

Пукање во Норвешка: Има загинати

Предраг Петровиќ

МВР: Оружен инцидент во Арачиново, ранет е 48-годишен маж

Горан Наумовски