МВР „презема мерки и активности“ околу дивоградбата кај „Мавровка“, но сè уште не открива кој гради

Од:

МВР денеска соопшти дека единицата за економски и компјутерски криминал – СВР Скопје „постапува за нелегални градежни активности во реонот на трговскиот центар Мавровка и презема соодветни мерки и активности за утврдување постоење елементи на кривично дело што се гони по службена должност по чл.244-а „Бесправно градење“.

Од МВР велат и дека за преземените мерки и активности до Основното јавно обвинителство во Скопје е доставено писмено известување согласно Законот за кривична постапка.

– Единицата за економски и компјутерски криминал и понатаму презема мерки и активности во координација и по насоки на ОЈО Скопје, а по завршување на активностите и комплетирање на документацијата до Основното јавно обвинителство во Скопје ќе достави соодветен поднесок, за што дополнително ќе биде известена јавноста, се наведува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари