МВР и ДИК ќе работат на воведување отпечаток од прст во изборниот процес

Од:

МВР и Државната изборна комисија да формираат заедничка работна група, која ќе ги реши сите дилеми и разлики во текот на постапката за воведување на отпечаток од прст во изборниот процес, но и нужноста од генерална стратегија за сајбер безбедност на изборниот процес.

Ова го предложил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната работна средба со претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, на која се разговараше околу измените на Изборниот законик, односно за воведувањето на отпечаток од прст во изборниот процес.

Како што се наведува во соопштението од МВР, од страна на претставниците на ДИК беше побарана поддршка од МВР за достапност на одредени лични податоци на граѓаните кои ќе учествуваат во изборниот процес, во насока на спроведување беспрекорни фер и демократски избори со целосен легалитет и легитимитет на изборниот процес.

Претставниците на ДИК и министерот Спасовски ја нагласија потребата од законски измени со кои би се утврдил начинот на користење на отпечатокот од прст во текот на изборниот процес, се посочува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена