МВР: Гласач под дејство на алкохол оштетил кутија, четворица ги фотографирале ливчињата

Од:

Во текот на изборниот ден регистрирани се четири фотографирања на гласачки ливчиња, а сторителите се приведени. Гласач во Новаци, пак, под дејство на алкохол оштетил гласачка кутија, а во село Кучичино забележано е лице кое делело пропаганден материјал во близина на гласачко место, соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тој рече дека гласањето поминало мирно и без сериозни нарушувања на јавниот ред и мир. Спасовски рече дека на овие избори за разлика од претходните претседателски имало пет пати помалку пријавени инциденти. Министерот рече и дека на овој изборен процес нема пријавено кривично дело, што, според Спасовски, не било случај на ниту едни претходни избори.

„Институциите покажаа дека можат да се организираат мирни и демократски избори. Им честитам на граѓаните за мирниот деморатски ден. Република Северна Македонија покажа дека може да се организираат европски избори“, рече Спасовски.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски