МВР: Доколку има злоупотреба, ВМРО ДПМНЕ нека бара одговорност од тогашниот министер Чулев

Од:

Од Министерството за внатрешни работи преку соопштение реагираат на денешната прес конференција на Наум Стоилковски од ВМРО ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ денеска, како и многу пати до сега, изнесе низа невистини и манипулации. Прво, настанот за кој зборува ВМРО-ДПМНЕ се случил во месец април 2020 година кога министер за внатрешни работи е Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ, а не Оливер Спасовски и доколку и има злоупотреба, треба да бараат одговорност од тогашниот министер Чулев.

Што се однесува до конкретниот настан, ја информираме јавноста дека полициските службеници постапувале по добиена документација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат дека лицата ги прекршиле ковид протоколите и е поднесена кривична пријава. Во врска со овој случај изречен е налог против полициските службеници од Основен суд Скопје 1, но таа одлука е обжалена и се уште неправосилна.

ВМРО-ДПМНЕ изнесува невистини и во врска со затворањето на угостителските објекти. МВР не затвора угостителски објекти туку постапува како асистенција на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, кои имаат надлежност да изречат мерка забрана за работа на објектите. Покрај тоа, ниту еден објект не е затворен доколку не го прекршувал законот.

Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири невистини.

МВР продолжува со интензивни мерки и активности за санкционирање на прекршителите на законите“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он