Стоилковски: Осуден полициски началник на Спасовски за предизборни притисоци

Од:

„Политичкиот притисок и злоупотребите на полицијата во изборни цели при последните локални избори почнаа да излегуваат на површина. Ова е копија на судски документ во којшто стои дека еден од првите луѓе на Оливер Спасовски, Владимир Ристов – познат како Камењар, – Началник на единицата за економски криминал, заедно со уште тројца негови колеги, креирале полициски случај и ја злоупотребиле својата положба врз кандидат за градоначалник којшто не е од СДСМ“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ристов, познат близок соработник на Оливер Спасовски е осуден за несовесно работење по член 353 од КЗ.

Документот од Основниот кривичен суд Скопје докажува дека Оливер Спасовски ја злоупотребува својата позиција и наместо да се бори со изборни нерегуларности, неговите луѓе работат по партиска насока за притисоци и креирање недемократска атмосфера за политичките противници на СДСМ.

Овој документ, во којшто се казнети и прогласени за виновни дури тројца началници и еден виш инспектор, е доволен доказ за работата, партизацијата, злоупотребите и инструментализацијата на полицијата од страна на Спасовски во изборни цели.

Владимир Ристовски – Камењар е познат на јавноста по спектакуларните затворања на угостителски локали коишто не се блиски до оние каде што редовно уживаат самиот тој заедно со Оливер Спасовски.

Ова е судски документ којшто открива многу повеќе од тоа што СДСМ и Оливер Спасовски сакаат од го сокријат од јавноста. Овој документ покажува класична злоупотреба и партизација на полицијата за којашто укажувавме во време на изборниот период. Овој документ покажува дека се кршат основните столбови на демократијата во заштита на криминалот и корупцијата.

Дури и исклучително заробеното судство не може да ја сокрие злоупотребата на МВР од СДСМ. Секој еден ден минат со СДСМ на власт е поскап за народот од предвремени парламентарни избори“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција