Во кривичниот суд во Скопје денеска беа искажани завршните зборови во предметот „Триста“ во кој е обвинет Ѓоко Поповски поранашен помошник министер во МВР за набавка на триста полициски возила. СЈО побара осудителна пресуда и штета од над 27 милиони денари и судски трошоци.
Обвинетиот Ѓоко Поповски се изјасни дека не е виновен и дека очекува одбивателна и ослободителна пресуда.
Поповски е обвинет од страна на СЈО дека извршил набавка на 300 возила за МВР во периодот од 2008 до 2012 година, при што не ги почитувал законските прописи за јавна набавка и го оштетил буџетот 453.570 евра.
Васко Маглешов