МТСП: Градинките да го почитуваат Законот за заштита на децата

Од:

Министерството за труд и социјална политика испрати Допис до Јавните установи за деца-детски градинки во кој потсетува на одредби од Законот за заштита на децата.

Имено, Министерството за труд и социјална политика ги потсетува градинките на одредбата од Законот за заштита на децата (член 12, став (4) ) со која „се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување“, а која одреба треба да биде спроведена од нивна страна.

При тоа, Министерството ги извести Јавните установи за деца-детски градинки дека доколку се инволвираат деца од установите во политичко или верско организирање, согласно со член 228, став (1, алинеја еден од Законот), истото преставува прекшок за кој е предвидена глоба и кој гласи:

„Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на установа за деца, на детска градинка/центар за ран детски развој, организациона единица основана од страна и во состав на правни лица, високообразовна установа и на приватно училиште и на агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст возраст“.

Би можело да ве интересира

Се градат 11 градинки со капацитет за 1.100 дечиња, вели премиерот Мицкоски

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

A1on

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски