МТСП: Децата во градинките ќе се згрижуваат во текот на целиот ден согласно со потребите на родителите

Од:

Од министерството за труд и социјална политика укажуваат дека наведеното двосменско работно време на градинките се однесува на вработените, а не на времето на престој на децата во јавните установи.

Во одредени детски градинки се вршеле анкети на кои родителите биле анкетирани дали нивното дете ќе посетува прва или втора смена, односно од 7:00 до 14:30 или од 14:30 до 21:30. Од министерството на ова укажуваат дека децата ќе се згрижуваат во текот на целиот ден согласно со потребите на родителите и дека наведените смени се за вработените.

Двосменското работење подразбира дека опфатот и згружавањето на децата во јавните установи за деца/детските градинки ќе биде како и до сега од 5:30 часот наутро до 22:00 часот навечер, како и во првата сабота во месецот, пишува во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.

Од таму апелираат до вработените и директорите на детските градинки да не се манипулираат родителите и да не ги ограничуваат со стриктно временско згрижување на децата. Министерството потседува дека директорите се задолжени од страна на МТСП да ја спроведат одлуката на Владата и согласно истата и потребите на родителите да го организираат работењето на институциите.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа