MOZZART со донација од 10.000 евра за Општата болница во Куманово

Од:

Компанијата Mozzart која во заедницата се истакнува со своите општествено одговорни активности, со хуманитарните акции не запира и за време на пандемијата на коронавирусот, која целосно го стопираше нивното работење.

Лидерот во областа на приредување на игри на среќа – Моzzart Bet, подготви вкупна донација за болниците во износ од 50.000 евра, а дел од овие средства се донираа во Општата болница во Куманово.

„Како директор на ЈЗУ Општа Болница Куманово, во име на целиот персонал сакам јавно да се заблагодарам на спортските обложувалници Mozzart кои пријатно не изненадија со нивниот хуман гест да и донираат на нашата болница парични средства во вредност од 10.000 евра. Овие средства ќе бидат искористени за набавка за опрема за лична заштита на нашите вработени кои се во директен контакт со заболените од COVID-19, односно се во директен фронт со овој невидлив непријател, како и за набавка за средства за дезинфекција! Ви благодариме од срце за донацијата која е од големо значење за борбата против вирусот COVID-19!“ – изјави директорката на Општата болница во Куманово – Д-р Снежана Захариева.

Како поддршка за непречено функционирање на здравствениот систем во овие кризни моменти, Мozzart истакна дека предвидените средства наменети за македонските болници се распределуваат по приоритет, онаму каде што е најмногу потребно во првата борбена линија за справување со коронавирусот.

„Давајќи ја нашата несебична поддршка за непречено функционирање на нашиот здравствен систем во овие тешки и кризни моменти, вложуваме максимален напор во борбата со овој голем непријател. Се надеваме дека со оваа донација, ќе придонесеме во полесно справување со предизвикот кој ни претстои. Како и целиот свет и нашата земја не е одмината, а ваквите хуманитарни акции се од огромно значење. Како компанија која и досега е позната по својата голема општествена одговорност, ги повикуваме и другите компании и поединци да се вклучат кон овој пример.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

Досега Mozzart донираа 15.000 евра на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје и 10.000 евра на Општата болница во Куманово. Во следниот период ќе се реализираат уште неколку донации во вкупен износ од 25.000 евра, наменети за болниците во Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот.

Компанијата Mozzart е препознатлива како општествено-одговорна компанија која настојува да биде вклучена во повеќе сфери и преку различни акции и кампањи да придонесе онаму каде што е најпотребно, па токму затоа и ќе продолжи со хуманите гестови кои ќе помогнат во борбата со коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Шaмпионите поддржуваат шампиони: Историски успех на Даниела Алексовска и Mozzart на Европското ММА Првенство

Младите кошаркари по стапките на големиот Жељко Ребрача – Mozzart поддржа уште еден спортски настан

Заедно побрзо до целта – Mozzart со поддршка на младите атлетичари од АК Делта

А1он

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

Орце Костов

Добрите дела не се рети во MOZZART: Лидерот во организирање игри на среќа ја поддржа камппањата „Запознајте ги ретките болести“

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска