Мост од милион евра

Од:

Повеќе од два часа, група млади, лепеа стикери од по сто евра на Железниот мост близу Градскиот трговски центар и не успеаа да залепат ниту еден милион. Место за парите на оградата на мостот на Вардар повеќе немаше.

Со ова твитерџиите, архибригадерите, но пред се младите луѓе симболично им покажаа на Владата и на градските власти, дека оградата за која тие планираа да потрошат еден милион и седумстотини илјади евра, дури и да ја прави со реални банкноти нема да чини толку многу.

За да се заштедат овие пари или барем да отидат во рацете на народот кој е невработен и гладен, младите предложија на мостот да се постават живи луѓе. Фатени за раце презентираа како би изгледала таа оргинална ограда која би била единствена во светот. Ограда која игра и пее. Ограда која може да вработи 200 луѓе.

Но, нив немаше кој да ги види и слушне. Оние кон кои беа упатени критиките дека неразумно се трошат народните пари, не дојдоа на мостот.

Младите не се откажуваат од идејата да ја поколебаат власта во намерата да ги потроши овие пари. Се надеваат дека некој ќе ги слушне дека не им се потребни огради во барок стил туку нови работни места, дека во 21. век не сакаат да живеат како во 17. век.

Но, најмногу од се дека не сакаат нивните пари да се расфрлаат на непотребни и непродуктивни прокети.

Христена Антовска Јованчева

 

 

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

Орце Костов

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски