Мониторингот на ААВМУ утврдил емитување „псевдовести“

Од:

Има општа медиумска тенденција уредувачките политики да бидат отворени за различни ставови во однос на тековните општествено-политички настани, состојби и теми, покажува вториот десетдневен извештај од мониторингот за медиумското известување за периодот од 17 до 26 минатиот месец од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ).

Со мониторингот е забележано дека во централните дневно-информативни емисии во повеќе наврати, а некаде и секојдневно, емитувани се прилози што се квалификуваат како „псевдонастани или псевдовести“.

– Овие псевдонастани ги креираат политичките партии, преку критика/критизирање на политичкиот опонент или како политички ветувања. Дел од радиодифузерите држат дистанца, дел вложуваат напори да обезбедат врамнотеженост на различните ставови, додека кај две телевизии обемот на вакви прилози за една политичка опција, укажува на непочитување на професионалното начело за еднаков третман на различните гледишта, соопшти ААВМУ.

Во однос на темата „Локални избори 2017“, новинарските прилози главно се однесувале на организациските работи во надлежност на Државната изборна комисија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март