Мониторинг на ААВМУ: Прекршено професионалното начело од ТВ Алфа и Нова

Од:

Начинот на ивестување на телевизиите Алфа и Нова укажува на непочитување на професионалното начело за еднаков третман на различните гледишта, се наведува во Извештајот од мониторингот на изборното медиумско известување за периодот од 27-ми минатиот месец до 5-ти месецов, што го спроведува Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ).

Во рамки на мониторингот, како што соопшти денеска ААВМУ, кај ТВ Нова е констатирано прекршување и на три други начела. Агенцијата информира дека во емисијата „Отворено студио“, со наслов „За или против геј бракови“, емитувана на 10 август годинава телевизијата постапила спротивно на начелата за еднаквост на правата и слободите на луѓето по сите основи и за објективно и непристрасно прикажување на настаните. Со прилогот „Обвинителен акт против гинекологот кој презентирал лажна бременост на пациентка“, емитуван на 31 август годинава, ТВ Нова не го почитувала и начелото на пресумпција на невиност.

Извештајот од мониторингот покажува дека радиодифузерите продолжуваат да ја следат веќе востановената уредувачка политика при известувањето.

– Како и досега, квантитативно најприсутна е Владата – преку информирање за внатрешно-политичките и за надворешно-политичките активности, од кои во фокусот особено беше посетата на министерот за надворешни работи на Република Грција, Никос Коѕијас на Република Македонија, соопшти денеска ААВМУ.

Исто така, како што посочуваат, продолжува практиката при известувањето за комуникацијата на релација власт-опозиција, при која неретко се јавуваат „псевдонастани“ кои се преточуваат во „псевдовести“, некои од телевизиите и радијата да држат дистанца од ваквата матрица, а некои од нив – да ја пресликуваат.

Третиот десетдневен извештај, ккао и другите два извештаи за ТВ Нова, се достапни на веб-страницата на Агенцијата www.avmu.mk.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март