Мониторинг на ААВМУ: Постојат елементи кои индицираат можна поврзаност на уредувачките политики на ТВ Алфа и ТВ Нова

Од:

Извештајот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) од мониторингот на медиумското известување, за периодот од 6 до 15 месецов, покажува дека повеќето телевизии и радија се придржуваат кон професионалните стандарди, некои заземајќи критичка позиција кон власта. Сепак, соопшти денеска ААВМУ, кај неколку програмски сервиси се забележува отстапување.

– Општа констатација е дека покрај редовните секојдневни информации, медиумите ја обработуваат темата за „локалните избори“ се повеќе применувајќи аналитички пристап, бидејќи е период на официјални партиски кандидатури за градоначалници, се затвори увидот во единствениот Избирачки список, а се ближи и процесот за започнување на изборната кампања, стои во соопштението.

Според ААВМУ, во периодот опфатен со мониторингот, Првиот програмски сервис на Македонската Радиотелевизија – МРТ 1, при информирањето за политичките партии, целосно бил фокусиран на двете најголеми партии – од опозицијата и од власта и речиси и да не информирал за другите партии/независни кандидати, кои исто така, подготвуваа кандидатски листи и имаа други активности.

– Начинот на известување на ТВ Алфа и ТВ Нова укажува на прекршување на начелото за објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења, а се забележуваат и елементи кои индицираат можна поврзаност на уредувачките политики – особено во начинот на третирање на темата за мигрантите, за заминувањето на странските инвеститори од Македонија, објавувањето наводна анкета на МЦМС кој негира дека ја спровел и сл, наведува ААВМУ.

Иако во досегашните четири извештајни периоди, Радио Слободна Македонија со емитуваните вести не го достигнала прагот од најмалку 2 часа, доволен за извлекување методолошки заклучоци, според ААВМУ, сепак забележливо е дека Радиото е концентрирано на пренесување информации за една политичка партија и речиси и да нема информации за други политички партии.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март