Моника Нелческа – најдобар студент оратор на Битолскиот универзитет

Од:

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола денеска ги почна неколкудневните програмски активности посветени на денот на своето формирање – 25 април.

Традиционално, во пресрет на универзитетскиот роденден, на Педагошкиот факултет се одржа студентски натпревар во ораторство „УКЛО Тривиум“, на кој годинава учествуваа 17 студенти. Првото место го освои студентката Моника Нелческа.

– Конкуренцијата беше голема, а првото место заслужено и припадна на Моника Нелческа, студентка на Педагошкиот факултет во Битола. Стручното жири предводено од профсорката д-р Оливера Костоска одлучи второто место да и го додели на Лина Димоска од Економскиот факултет во Прилеп, а Симона Видановска, студентка на Правниот факултет во Битола, го освои третото место. Трите заедно ќе го претставуваат УКЛО на државниот натпревар во ораторство кој на 5 мај ќе се одржи на УКИМ во Скопје, истакна Елизабета Атанасоска од Секторот за односи со јавност во Ректоратот на УКЛО-Битола.

Свеченостите по повод денот на основањето на УКЛО-Битола продолжуваат утре со промоција на Фондацијата „Тома Фила“ која во иднина ќе го стипендира најдобриот студент од Правниот факултет при УКЛО, а ќе завршат во среда со промоција на доктори на науки.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот