МОН: Заразени под 1 отсто од учениците и кадарот, протоколите се ефикасни

Од:

Министерството за образование и наука информира дека наставата продолжува да се одвива непречено, следејќи ја веќе утврдената динамика и организација. Помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта се заразени со Ковид-19 и согласно со овие податоци, наведува МОН, може да се заклучи дека протоколите се ефикасни во намалување на ризиците за ширење на вирусот.

– Според извештаите кои училиштата секојдневно ги доставуваат до МОН, од вкупниот број 259 235 ученици на ниво на држава, процентот на заразени изнесува само 0,06, а од вкупниот број 27 955 наставници и друг кадар овој процент е 0,58, што е далеку под еден процент. Во рамки на наставата со физичко присуство, регистрирани се вкупно 40 ученици позитивни на коронавирусот и 52 вработени од наставниот кадар во средните и основните училишта. Во сите овие случаи се реагира навремено според препораките на центрите за јавно здравје, со што се спречува трансмисија на вирусот, соопшти МОН.

Во сите останати случаи станува збор за учесници на онлајн-настава, при што ниту децата, ниту наставниците имале контакти со останатите од училиштата. Исто така, учениците и наставниците кои одат во изолација поради близок контакт со заразаено лице, или затоа што се позитивни на КОВИД-19, наставата ја продолжуваат онлајн, со што се обезбедува континуитет во образовниот процес.

Министерството за образование и наука апелира учениците, наставниците и родителите доследно да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19 во училиштата и надвор од нив, затоа што само со носење маски, држење растојание и често миење и дезинфекција на рацете може да се спречи ширење на заразата.

Би можело да ве интересира

Комисијата за заразни болести во петок ќе ја разгледува состојбата со големиот број заразени во Прилеп и барањето за воведување карантин

Ана Ололовска

Арсовски: Неколку дена се изминати од почетокот на кризната состојба, се што се работи се прави врз основа на проценка

Ана Ололовска

Д-р Пановски тврди дека пациентите позитивни на Ковид-19 се трујат со лекови повеќе од потребното

Искра Манојлоска

ВИДЕО: Буџетот за образованието насочен кон реформи, двојно повеќе од лани за капитални инвестиции

Ана Ололовска

Царовска: Во училиштата нема ширење на вирусот, предвремен распуст е неаргументиран предлог на опозицијата

Ана Ололовска

Санкционирани 597 лица за неносење маска

Ана Ололовска