МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

Од:

Ниту еден наставник нема да биде отпуштен од работа, ниту пак ќе добива помала плата поради интеграцијата на предмети која е предвидена со реформирањето, вети министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Тој потенцира дека секој просветен работник чиј предмет кој го предава се интегрира со други предмети од сродната наука, останува на своето работно место, ќе ја добива платата за полн фонд на часови, а дополнително заедно со СОНК ќе се изнајде и заедничко решение личните примања повторно, по трет пат во период од една година, да бидат значително зголемени.

Реформата на основното образование ќе продолжи согласно предвидената динамика, затоа што ги дава очекуваните ефекти. Предизвици постојат и тие се надминуваат преку заеднички пристап, а во меѓувреме секоја добронамерна сугестија која би можела да го олесни спроведувањето и да ја подигне нејзината ефикасност и ефективност, е добредојдена, ова било констатирано на денешната средба помеѓу највисоките претставници на Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, како и претставници на СОНК кои се дел од наставничката фела од областа на географијата и засегнати во оваа трета фаза од спроведувањето на планот за реформирање на основното образование.

МОН ги повикува сите други општествени чинители, а особено оние со моќ за политичко влијание, да дадат свој придонес во заложбите за унапредување на квалитетот на националниот образовен систем. Промените не може да се случат преку ноќ и со неосновани критики, туку напротив етапно и со конструктивно учество на сите засегнати страни и фактори.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Наставник нападнал ученик во скопско основно училиште

А1он

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура