МОН најави реформа на педагошките факултети

Од:

Реформа на студиските програми на педагошките факултети заради унапредување на квалитетот на наставниот кадар, подобрување на генералната  слика за улогата на наставникот  и почитување на наставниците во образовниот процес и во општеството, најави денеска министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.

До крајот на август Владата ќе го утврди текстот на новиот закон што ќе се однесува на наставниците,  ќе има јавна дебата за предлози и сугестии, а новите реформирани студии на педагошките факултети се очекува да почнат идната академска 2015/2016 година.

Министерот Адеми денеска во МОН разговараше за реформата со деканите на педагошките факултети на државните универзитети.

Со реформата е предвидено одделенски наставник да биде регулирана    професија од јавен интерес и педагошки студии да има само на државните универзитети.  Реформата опфаќа повеќе сегменти, меѓу кои воведување построги критериуми за упис на педагошките факултети, кои во иднина ќе запишуваат студенти преку полагање приемен испит и со најмалку 4 просечна оценка во средното образование.

– Проектот, исто така, предвидува стимулирање на студентите за упис на педагошките факултети преку воведување стипендии за најдобрите студенти, и преку континуирано зголемување на платите на наставниците. Следен сегмент на кој се посветува внимание е воведување на можноста за доедукација на веќе дипломираните наставници, преку воведување стипендии за студирање на универзитетите во времетраење од една година, со право на мирување на работниот однос и со обврска да остане на работното место најмалку пет години по завршување на студиите. Проектот предвидува воведување целосно нова унифицирана студиска програма, која ќе мора да ја применуваат сите педагошки факултети во состав на државните универзитети и педагошките факултети да постојат само на државните универзитети, рече Адеми.

Наставната програма ќе ја подготоват претставници на Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, деканите, професорите и сите засегнати страни.

Се планира и воведување академија на наставници, чија цел ќе биде дополнително подобрување на квалитетот на наставниот кадар, преку специјално дефинирани предавања и студиска програма. Таа ќе биде отворена и за тие со завршен педагошки факултет и за оние кои се заинтересирани да бидат наставнци и треба да поминат посебна програма. Ќе им се гарантира вработување на тие што ќе ја запишат и завршат академијата.

Целата област ќе се регулира со нови закони – закон за образование на наставниците (просветни работници) и закон за академија на наставници и нивно усогласување со актуелните закони.

Деканите на денешната средба ја поддржале иницијативата и она што е во преден план – селекција при запишувањето на студии и ограничување на минималната оценка (4) за прием ан студенти.

Владо Тимовски, декан на Педагошкиот факултет од Скопскиот универзитет изјави дека е неопходна посуштинска промена на студиските и предметните програми и на воспитно-образовните институции.

– Треба да се создаваат вистински професионалци, зашто почетните чекори во учењето се мошне значајни за натамошен развој на личноста, рече Тимовски.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска