Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Од:

Пријавувањето и запишувањето на учениците во средните училишта ќе биде во еден уписен рок со две пријавувања во јуни. Пријавувањето е почнато со електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk, со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.

Според Конкурсот на МОН за запишување во прва година средно образование, првото пријавување на учениците ќе се врши на 20 јуни до 24 часот и на 21 јуни до 15 часот. Ранг-листата на запишани ученици се објавува на 22 јуни на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет-страницата www.mon.gov.mk најдоцна до 9 часот.

Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 22 јуни од 12 до 19 часот и на 23 јуни од 7 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Конечната ранг-листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 јуни 2023, најдоцна до 12 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 26 јуни, а конечните ранг-листи со резултатите ќе бидат објавени истиот ден на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Второто пријавување на учениците за уоис во средно образование ќе биде на 27 јуни  до 24 часот и на 29 јуни до 10 часот. Ранг-листата на запишани ученици се објавува на 29 јуни 2023 на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на  www.mon.gov.mk најдоцна до 13 часот.

Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 29 јуни од 15 до 19 часот и на 30 јуни од 7 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг-листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2023 година, најдоцна до 12 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Квалификациско тестирање во второто пријавување ќе се организира во училиштата за средно образование на 3 јули 2023 година, а конечните ранг-листи со резултатите ќе се објават на 3 јули 2023 година, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места по јунскиот рок. Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август до 24 часот.

Пријавувањето за упис во програмата Меѓународна матура во Средното училиште на Град Скопје Гимназија „Јосип Броз Тито” – Скопје беше спроведено од 3 до 12 мај 2023.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Универзитетот во Тетово го поништи огласот за избор на ректор и ќе објави нов

Ана Ололовска