Молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ Рим

Од:

Во базиликата „Сан Клементе“ во Рим денеска одржа молебен на гробот на Св.Кирил.

Пред почетокот на богослужбата, што ја водеше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, државна делегација предводена од претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери положи цвеќе пред гробот на Св.Кирил.

Според нововостановената традиција, на молебенот учествуваше делегација на Република Бугарија, во чија организација попладнево во црквата „Св. Павел ала Регола“ во Рим ќе се одржи миса.

Манифестацијата во чест на Св. Кирил завршува вечер со културно-уметничка програма, организирана од Министерството за култура на која ќе настапат музичките уметници Весна Гиновска Илкова и Дино Имери.

Би можело да ве интересира

Кирил и Методиј се Бугари, а кирилицата бугарска, изгласа Парламентот во Софија

А1он

Делегации на Македонија и Бугарија во Рим положиле цвеќе на гробот на Св. Кирил.

А1он

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 24 Мај, Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј

А1он

Талат Џафери го честиташе Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј

А1он

Скулптура на светите браќа Кирил и Методиј за папата Франциск

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Нолчева: Остануваме посветени на грижа и унапредување на македонскиот јазик

Ана Ололовска