А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Могерини: Има голема одлучност во Северна Македонија за реформската агенда

by А1он18/02/2019 - 16:20445
Share0

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини, на прес-конференцијата по денешниот Совет за надворешни работи, рече дека посакува Северна Македонија да добие почеток на преговори во јуни ако се исполнат реформите, јави дописничката на МИА од Брисел.

Добивај вести на вибер

– Ова претставува позитивен чекор кој ќе има влијание врз отворањето преговори, но не е единствен елемент, и тоа нашите пријатели во Северна Македонија го знаат, дека фокусот на реформската агенда е исто толку круцијален како договорот, но јас видов голема одлучност за реформската агенда и добив уверувања кога се сретнав со премиерот Заев како и со министрите за надворешни и за одбрана, рекоа дека ќе го задржат фокусот, рече Могерини одговарајќи на прашање на МИА.

Таа додаде дека „би било добро да се има почеток на преговори не само со Северна Македонија, но и со Албанија во јуни“.

Шефицата на европската дипломатија рече дека денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ започнал со аплауз од сите присутни за Преспанскиот договор, што, како што рече Могерини, „не е вообичаен начин на започнување на Советот за надворешни работи“.

– Изразивме задоволство за лидерите како и за народите на двете земји, рече таа.

 

 

eufederika mogerinimogeriniseverna makedonija

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:4627/03/2026 - 07:46

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:42

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто