Модуларната болница во Штип ќе биде готова на крајот на месецов

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека до крајот на месецов ќе биде готова модуларната болница во Штип.

„Имајќи предвид дека Здравствениот дом во Штип е најголем здравствен дом и најголема единица за итна медицинска помош во регионот, притисокот и интензитетот на работа е навистина голем“, рече министерот Филипче по работниот состанок со директорките на Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом во Штип.

Освен модуларната болница, Штип до крајот на месецов ќе добие и ново возило за итна медицинска помош.

„Приоритет освен на Штип ставивме и на Струга, Струмица и Гевгелија. И со истата динамика како што тука се работи за поставување на подлогата се работи и во другите три градови“, рече Филипче.

Тој ги повика пациентите да примаат терапија само под контрола на лекар.

„Никој не треба да посегне, да бара лекови кои што не се докажани дека помагаат во лекувањето на Ковид-19. Во светот уште има многу клинички студии кои испитуваат лекови. Сите знаеме дека специфичен лек за оваа болест нема. Има широка лепеза на симптоми со кои оваа болест може да се манифестира“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Да не излезе одговорот за Алта банка во Sky преписките

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се сретна со Рама без македонско знаме, а средбата ја премолчи пред јавноста

(ВИДЕО) Филипче го повика Рокас: На Македонија ѝ треба помош против антиевропската пропаганда на власта

Филипче на Конференција за проширувањето на ЕУ во Унгарија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС молчеа во 2023 година за Алта банка, глумеа итност, но по 10 дена ја свикаа првата надзорна седница

Филипче: Во Буџетот нема пари за зголемување на платите – нема развој, само долгови и камати