МНР во соработка со Португалија врати уште 7 македонски граѓани од Перу на европско тло

Од:

Од Министерството за надворешни работи информираат дека уште седум македонски граѓани се успешно репатрирани од Лима, Перу на европско тло.
Во организација на амбасадата на Република Северна Македонија во Бразилија, а во соработка со МНР на Португалија, утрово авионот на португалскиот авиопревозник ТАП слета во Лисабон, од каде нашите граѓани го продолжија враќањето кон земјата.

„Од сите досега пријавени за репатријација од Перу, остана уште еден случај на кој континуирано работиме, со оглед на отежнатите внатрешни околности во земјата, заради мерките од пандемијата. Со претходните 4 веќе пристигнати граѓани од Перу во земјата и овие 7, во моментот кога ќе се најде решение и за студентот од Куско, сите пријави за репатријација од Перу ќе бидат реализирани, благодарение на Европскиот механизам за цивилна заштита“, велат од МНР.

Преку механизмот за цивилна заштита на Европската Унија досега се репатрирани вкупно 29 македонски граѓани од Латинска Америка и од Карибите и тоа 11 од Перу, 4 од Бразил, 4 од Аргентина, 4 од Куба, 3 од Колумбија, 2 од Уругвај и еден од Барбадос. Амбасадата на Република Северна Македонија во Бразилија е адресата за пријавување на затекнатите граѓани од Латинска Америка и од Карибите.

Би можело да ве интересира

Бесот поради скапите станови ескалира во Португалија: Судири со полицијата, приведени десетици демонстранти

Предраг Петровиќ

МНР реагира за Михаилова: Владеењето на правото не смее да биде селективно

Горан Наумовски

Возач во Португалија прегази 12 лица, меѓу кои и двајца полицајци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Перу

Горан Наумовски

Туристички авион се урна во Перу – загинаа 11 патници и двајца членови на екипажот

А1он

Перу повторно погодено од два силни земјотреси во ист ден

Горан Наумовски