А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МНР објави прирачник за медиумите за употреба на новото име

by А1он22/02/2019 - 20:4522/02/2019 - 20:46621
Share0

Министерството за надворешни работи на својата веб страница објави прирачник за медиумите за употреба на новото име, Република Северна Македонија, согласно Договорот од Преспа.

Добивај вести на вибер

Официјалното име, како што се наведува во прирачникот е Република Северна Македонија, скратено Северна Македонија.

Националноста (државјанството) е македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, официјалниот јазик е македонски јазик, кодовите се МК и МКД, а придавката македонски се употребува во однос на етничкиот и културниот идентитет, јазикот, историјата, културата, наследството, територијата и останатите атрибути.

Овие термини во тој контекст се сосема различни во однос на оние кои се користат за означување на регионот Македонија во Грција.

Во прирачникот се наведуваат примери за точна и неточна примена на придавката.

Правилно: македонски етнички идентитет, македонски јазик, македонска култура, македонска територија, македонски граѓани, македонска историја, македонски планини, македонска литература, македонско кирилско писмо, македонска храна, македонски цркви…

Неточно: придавки како „северно македонски“, „с. македонски“ и „северномакедонски“.

Во прирачникот се дава појаснување и за употребата на придавката во однос на државата, нејзините органи, јавни и приватни институции и се што е поврзано со државата, основано согласно закон и финансирано од државата за активности во странство. Придавката тука треба да гласи „од Република Северна Македонија“ или од „Северна Македонија“.

Правилно: Влада на Република Северна Македонија, претседател на Северна Македонија, министер за надворешни работи на Република Северна Македонија, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ на Северна Македонија.

Неточно: „северно македонски“, „македонски“, „с. македонски“ и „северномакедонски“.

Во однос на активностите, придавката може исто така да гласи „македонски“.

Правилно: македонска економија, здравствениот сектор на Република Северна Македонија, македонска уметност, македонска музика, македонско земјоделство, македонска артихтектура, прехранбена индустрија на Северна Македонија.

Неточно: „северно македонски“, „с. Македонски“ и „северномакедонски“.

dogovor prespamnrmnr makedonijaseverna makedonija

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски08/03/2026 - 08:4108/03/2026 - 08:41

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

Горан Наумовски05/03/2026 - 09:43

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:2704/03/2026 - 14:28

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 12:20

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Горан Наумовски03/03/2026 - 11:38

МНР: Македонските државјани да се воздржат од непотребни патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

А1он02/03/2026 - 16:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен