Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Од:

Во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции, извести МНР.

„Воедно, апелираме до сите наши државјани да се воздржат од било какви патувања кон земјите од овој регион, до подобрување на безбедносната состојба. Согласно добиените информации од Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив, во моментов воздушниот простор над Израел и Иран е затворен, како и аеродромите во Тел Авив и Техеран, без конкретна најава за обновување на редовниот воздушен сообраќај. Ги потсетуваме нашите државјани дека при евентуална потреба од помош можаат да се обратат на следните контакти:

📍 Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив
Тел: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546
Е-пошта: [email protected]

📍 Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736
Е-пошта: [email protected]

Информираме дека во рамките на Министерството е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и ќе ја информира јавноста за сите новини навремено, велат од МНР.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Американците нападнаа товарен број кај Иран

ВИДЕО: Масакр во Ријад, 12 мртви и над 300 повредени во напад на аеродром

Калибаф: „Оние што го следат Александар Велики ќе ја доживеат судбината на римскиот император Валеријан“

А1он

Официјална потврда: Спречен е „нов 11 септември“

(ВИДЕО) Трамп: Иран може да уништи град, Лос Анџелес или Сан Диего би биле мала цена

Катерина Ѓуровски

Иран ја повика Франција да ги почитува човековите права за време на ученичките протести и осуди прекумерна употреба на сила

Предраг Петровиќ