МНР: Двајца маскирани во Грција отвориле оган врз двајца државјани на Северна Македонија

Од:

По информацијата за убиството во Халкидики Грција, Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина стапила во контакт со надлежните институции, односно полицијата во Солун, и од таму е добиена потврда дека во Сани Вилас, Ханиоти двајца маскирани лица отвориле оган врз двајца државјани на Северна Македонија, извести МНР.

„Двајцата биле однесени во општата болница на Халкидики, каде едниот им подлегнал на повредите, додека другиот поради тежината на повредите е транспортиран во друга болница, во Полигирос. Според информациите на Aмбасадатa, на местото на настанот моментално се наоѓаат повеќе тимови на грчката полиција и работат на расчистување на околностите на настанот“, соопшти МНР.

Би можело да ве интересира

Убиство на Косово – го застрела својот брат во гениталии, искрвари на пат кон болница

А1он

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Го убија, пренесоа и го запалија неговото тело во близина на Сплит, поднесено обвинение

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски