Младинска мобилна конференција „Bike ‘n Learn” на четири локации низ Скопје ќе се одржи денеска, во организација на Здружението на граѓани за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу грин“ и Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“.
Почетната локација, како што најавуваат организаторите, е салата на советот на Град Скопје, по што групата ќе се движи низ локациите на велосипеди и ќе заврши во ЕУ Инфо центарот.
Конференцијата има за цел да понуди решенија за намалување на бројот на автомобили во градскиот сообраќај и зголемување на учеството на одржливи форми на транспорт низ градовите во републиката како начини за ублажување на климатските промени.
Настан е дел од одбележувањето на Европската недела на мобилност.