ВИДЕО: Млади иноватори од Кочани ќе ја претстават Македонија на светски натпревар во Детроит

Од:

Ученици иноватори од Кочани ќе ја претстават Македонија на светски натпревар што ќе се одржи во Детроит, САД.

Тие ќе го презентираат своето иновативно решение – робот што извршува задачи од областа на хидродинамиката. Роботот во облик на коцка е составен од лего коцки и содржи четири мотори и три сензори.

Учениците и нивните ментори се надеваат на успех и велат дека следната нивна цел е ова натпреварување да го донесат во Македонија.

Авионските карти за патување до Детроит се обезбедени со финаниски средства од Фондот за иновации и технолошки развој, а од Владата најавуваат дека ќе продолжи поддршката за сите млади креативци и иноватори.

– Младите иноватори покажуваат на дело дека во Македонија може да дизајнираат и создаваат големи дела. Ги повикувам сите млади да создаваат и креираат во нашата Македонија. Притоа, се обврзувам дека Владата ќе продолжи да ја интензивира поддршката за иновации, информатичка технологија, развој и дигитализација на Македонија, истакна премиерот Зоран Заев, кој денеска се сретна со тимот ученици и нивните метори.

Од Фондот за иновации и технолошки развој веќе работат на посебна програма за грантови за млади истражувачи со кој се очекуваат 15-20 нови проекти.

– Сите млади луѓе во оваа држава треба да ги препознаат можностите што ги нуди Владата и Фондот за да останат и да ги развиваат своите креативни, критички и иновативни потенцијали. Ние ќе го финансираме тоа и сега, а уште повеќе во наредниот период, затоа што сметаме дека креатививниот потенцијал и критичкото размислување е она што треба да ги движи државата и економијата напред, рече директорот на Фондот, Јован Деспотовски.

Младите иноватори од Кочани претходно го имаат освоено првото место на натпревар во Србија со што се пласирале и на АДРИА лигата во Словенија каде исто така биле наградени.

Би можело да ве интересира

Момче од Кочани било измамено за 950 евра

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Момче од Кочани претепал малолетничка и ѝ нанел повреди

Мртов маж пронајден во својот дом во Кочани

Мемов за А1он: Во ЗНАМ не се водиме од тоа кој ќе биде пратеник, личните незадоволства се приватна работа

Тројца малолетници ограбувале низ Кочани, осомничени за над 30 кражби