Млада гостиварка насила ја омажиле во Шутка, пријавила во полиција дека ја силувале

Од:

19-годишна девојка од Гостивар пријавила дека татко и син насила ја однеле во скопската населба Шуто Оризари, откако татко ѝ, без нејзина согласност, ја омажил за 26-годишен жител на Шутка. Таа пријавила дека несудениот младоженец и свекор насила ја држеле во нивната куќа неколку дена, а врз неа била извршена обљуба.

„На 21.04.2021 во 16.00 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.М.(26) и И.М.(46), постапувајќи по пријава од 10.35 часот од страна на 19-годишна девојка од Гостивар, според која откако нејзиниот татко, против нејзина согласност, ја омажил за Р.М. од Шуто Оризари, таму неколку дена била чувана затворена од нивна страна и врз неа била извршена обљуба. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, се вели во полициското соопштение за случајот.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука