(ВИДЕО) Митрески: Мицкоски сака да издејствува амнестија за ексфункционери од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески на денешната собраниска седница рече дека СДСМ ќе гласа за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

-Ставот на СДСМ е повеќе од јасен за разрешување на Јанева. На комисијата гласавме за нејзино разрешување, ќе гласаме и денес. Мора да нагласам како партија и пратеничка група сме одлучни и истрајни, правда мора да има за секој што се огрешил пред законот, рече Митревски.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на партијата Христијан Мицкоски се уште работат по насоки од Никола Груевски со цел да се спасат обвинетите ексфункционери од партијата.

-Сега е јасно зошто преговорите помеѓу Заев и Мицкоски не успеале, Мицкоски прави се за да пропаднат предметите на СЈО. Политичките игри и манипулации со јавноста кои се обидува да ги протне ВМРО не поминуваат. Граѓаните знаат кој гo штити криминалот. Мицкоски сака да издејствува амнестија за претходните обвинети функционери, рече Митрески.

Тој додаде дека со ова делување на ВМРО-ДПМНЕ ги кочат евроинтеграциите процеси на државата.

Тие сакаат по секоја цена да ги уништат истрагите против нив. Со нивното поведение свесно работат на штета на европските интеграции на државата. Од статусот на СЈО зависи дали ќе добиеме датум за преговори со ЕУ, рече Митрески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците