Вие одлучувате за вас и вашите чекор, а С. Македонија припаѓа во ЕУ. Ова е ставот на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. За него, решението е урамнетежено, а целта е да се започнат пристапните преговори.
„Ако кажете да, првата Меѓувладина конференција ќе се организира во следните денови. Ќе следуваат следните чекори, ќе започне скрининг процесот, односно билатерален скрининг, ќе бидат повикани преговарачки тимови во Брисел и со овој предлог јасно дискутираме за македонскиот јазик. Исто така, свесни сме за загриженоста за националниот идентитет, можете да очекувате дека ќе стојам зад вашите легитимни права. Добрососедските односи се неопходни во процесот на проширување. Што се однесува до почитувањето на малцинствата, во договорот за ЕУ е зацртано, а вие сте одличен пример како тоа се почитува“, посочи Мишел.
Тој посочи, суверен избор е одлуката дали ќе се прифати францускиот предлог.
„Доаѓам во клучен момент. Ги споделив уверувањата дека иднината на моите три деца и иднината на сите наши деца ќе биде побезбедна, попроспиритетна со Западен Балкан во ЕУ. И на Европскиот совет го имаше истото чувство, кое ги инспирираше 27 земји членки да донесат таква одлука и да го унапредиме ЕУ. 27 лидери се сретнаа со лидерите на Западен Балкан, имавме искрен, отворен и тежок разговор. Тој беше мошне потребен. Се слушавме меѓусебно и формално одлучивме да внесеме нова динамика да продолжиме со Западен Балкан. Сакаме да се приклучите и целта е да го забрзаме прцеост“, додаде Мишел.
„Како пријател, сакам да ви кажам дека оваа можност е премногу важна за да се пропушти, не сме биле толку блиску како Македонци. Имате можност да кажете да за ЕУ, да за вашите деца вашата земја. Можете да сметате на полтиичка и финансиска поддршка. Почитувани Македонци, само заедно можеме да се соочиме со предизвиците, да живееме во проспиритет и безбедност“, додаде додаде Мишел.