Мирен протест на здруженијата пред ЈП „Лајка“, бараат итно разрешување на в.д. директорката

Од:

Здруженијата за заштита на животни, како и слободни активисти денеска пред ЈП „Лајка“ одржаа мирен протест со барања за итно разрешување на в.д. директорката на претпријатието, како и прекин на прогонот на активистите и опструирање на нивната волонтерска работа.

Наталија Трпковска од Здружението „Шепасти ентузијасти“ која се обрати на протестот, побара од градоначалникот на Град Скопје итно да отпочне постапки против актуелната в.д. директорка за да, како што рече, спречи понатамошна злоупотреба на службената должност. Бараат јавен повик за назначување на таа позиција на долгогодишен активист-волонтер кој ужива углед меѓу активистите.

Дел од барањата на здруженијата се ЈП Лајка веднаш да се отвори за јавноста секој ден, а не само еден ден во неделата и тоа со закажување и итно да почне со масовни стерилизации и кастрации на бездомни животни. Во најкус можен рок јавно да се објават сите документи поврзани со работата на ЈП „Лајка“ што, како што наведуваат, е законска обврска. Да се укинат постојните и да се изработат усогласени со закон обрасци со кои ЈП „Лајка“ воспоставува формално-правни односи со граѓаните.

– „Лајка“ не е приватен стационар, туку е јавно претпријатие. Бараме итно да ни дадат информација за кучињата и да ни дозволат да ги видиме, ако се уште се тука, рече активистика на која не и било дозволено да ги види кучињата за кои претходно се грижела, а кои биле заловени и донесени во стационарот.

Доколку не се постапи по нивните барања, најавија поголеми и помасовни протести.

Би можело да ве интересира

Тим на „Лајка“ спаси куче паднато во Вардар

Отворен ден во Лајка: Вашиот мелез е единствен и уникатен

А1он

„Лајка“ со апел: Стоп за петардите и пиротехничките средства, подадете храна на бездомните животни

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

Орце Костов

Отворен ден за вдомување кучиња во прифатилиштето на ЈП „Лајка“

Ана Ололовска

Хистерично дерење и навреди од директорката на „Лајка“ по написот за негрижата за кучињата скитници

Кристијан Ландов