Мираковска на Спасеновски: Со деца за политика не дебатирам

Од:

„Зошто вие провинцијалците се буните, нас скопјаните не боли за Скопје. 42 посто е Скопје од Македонија. На сите од провинција ви велам, со Скопје да се гордеете. И лицето ваше го пере Скопје 2014.Вие провинцијалци, немој да зборите. И вие сте краделе јас не сум крадел. Вие направивте најголема кражба со Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски и со него куалција направивте, народот ќе ви суди“, со овие зборови Амди Бајрам и реплицираше на колешката од Гостивар Фламуре Креци, која го критикуваше проектотет „Скопје 2014“.

Бајрам по втор пат ја крена тензијата денеска во Собранието, а и кавгите и дофрлувањата не престанаа.

„Со деца не дебатирам за политика. Ова да е Јапонија, на деца нема да им се даде да си играат со вакви значајни нешта. Ќе го вратеа да си играат уште 20 години џамлии“, му реплицираше Соња Мираковска на Александар Спасеновски, кој застана во одбрана на проектот „Скопје 2014“ и на македонскиот национален идентитет.

Реагираше координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, која рече дека не очекувала таква дискусија од Мираковска.

Во моменти на нервоза и довикувања, кавги и реплики, претседателот на Собранието од опозицијата побара да не дофрлуваат, како што рече, уличарски.

„Елизабета Канчевска Милевска е примадоната на криминалот. Местото на Груевски ќе биде во собата на најцрните диктатори. Бронза и камен се плаќа за овековечување на најцрната диктатура. Ова е забеган проект и криминал“, рече Маринела Тушева.

„Забегано е кога ќе влезете во коалиција со северномакедонецот Љубчо Георгиевски, забегано е кога се договоара коалиција на бензиска пумпа“, и реплицираа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Има ли поголема забеганост кога трошиме милиони а народот гладува, кога му градите споменик на македонскиот крвник кој ја потпишал поделбата на Македонија“, праша Билјана Казанџиска

„Нема да судите вие за криминалот , за тоа граѓаните судат. Најголемиот криминал и сиромаштија се направени во времето на СДСМ. Затоа 7 години граѓаните му велат „не“ на СДСМ, а „да“ на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Косана Мазнева Николиќ.

Седницата е прекината поради рамазанските пости, а дебатата за „Скопје 2014“, ќе биде дополнително закажана.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

Орце Костов

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски