МИОА најави изработка на долгорочна ИКТ стратегија

Од:

Следната година ќе се изработува долгорочната ИКТ стратегија на Република Македонија, за која ресорното Министерство бара вклучување на трите информатички здруженија во државава.

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска – Томовска и претставници на Сојузот на стопански комори и на Здружението на информатичко-комуникациски технологии при Стопанската комора на РМ, на состанок ги анализирале Краткорочната ИКТ стратегија 2016-2017 и нејзиниот акциски план, кои се основа за изработка на долгорочната стратегија.

– Разгледани се тековните и идни планови за реализација на предвидените активности и мерки и се изнесени предлози и сугестии за понатамошен развој на информатичкото општество во Македонија, соопшти денеска Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

Целта на стратегијата е да се  зголеми придонесот на ИКТ индустријата во насока на одржлив економски развој и создавање нови работни места во рамките на ИКТ и други поддржани индустрии.

На состанокот се разговарало и за дигиталната трансформација на општеството, поголема конкурентност на македонските ИКТ компании и производи, како и брендирање и позиционирање на македонската ИКТ индустрија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

Орце Костов

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ