МИОА: Координативен состанок со надлежните институции за постапување по претставки за притисоци за време на избори

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска оствари средба со раководните лица на институциите кои се надлежни да постапуваат по претставки за притисоци врз вработените во јавниот сектор, за време на предизборна кампања.

Како што соопшти МИОА, на средбата присуствуваа претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, директорот на Агенцијата за админстрација Спасе Глигоров, Фаница Николоска, директорка на Државниот управен инспекторат, директорот на Државниот просветен инспекторат Томе Спироски, директорот на Државниот трудов инспекторат Алајдин Хавзиу и Зоран Билбилоски од канцеларијата на Народниот правобранител.

Министерството продолжува со воспоставената пракса на објавување алатка за пријавување на притисоци на својата веб страна. Тоа беше направено за локалните избори во 2017 година, за референдумот во 2018, како и за претседателските избори во 2019 година.

Средбата денеска беше со цел координација и подготовка за брза и професионална реакција и постапување по однос на сите претставки кои ќе присигнат во МИОА. На состанокот беше заклучено дека сите институции се подготвени да постапат согласно законските обврски и надлежности. Целта е да се обезбедат и гарантираат сите предуслови за фер и демократски избори.

Дополнителната заменичка министерка Невенка Стаменковска Стојковски беше повикана да биде дел од објавувањето на алатката и заеднички да се повикаат сите вработени во јавниот сектор да пријавуваат притисок. Стаменковска Стојковски, сепак одлучи индивидуално да го води овој процес и уште еднаш да прави поделби меѓу вработените, стои во соопштението на Министерството.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он