• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

МИОА: Да се користи можноста за услуги од институциите по електронски пат

by А1он12/03/2020 - 13:31269
Share0

Сите граѓани кои во наредните 14 дена ќе имаат потреба од услуги или различен вид консултации со државните институции, тоа да го прават по електронски пат, апелира денеска Министерството за информатичко општество и администрација постапувајќи во согласност со насоките и вонредните мерки што ги донесе Владата со цел превентивно ширење на коронавирусот.

Добивај вести на вибер

Изводот од матичната книга на родени, венчани и умрени, покрај тоа што барањето може да се поднесе електронски, сега може и да се добие електронски. Тоа е возможно на порталот за е-услуги, uslugi.gov.mk, како и преку порталот на Управата за водење на матични книги.

– На порталот за е-услуги, uslugi.gov.mk, моментно се достапни 128 услуги, кои може да се добијат за само неколку минути од вашиот дом. Тоа значи дека потврдите и различниот вид на документи од најпосетуваните институции, како што се: Агенција за вработување, Министерство за труд и социјална политика, Фонд за здравствено и Фонд за пензиско осигурување, Централен регистар… се достапни електронски.

Дополнително, за 744 услуги, можат да се прочитаат сите потребни информации за целосната процедура за издавање. На овој начин, нема потреба да се посетуваат институциите физички за да се добијат овие информации, информира МИОА.

koronavirusmerkimioa

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Катерина Ѓуровски31/01/2024 - 11:59

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Александар Тодески26/01/2024 - 12:39

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on15/01/2024 - 14:01

Црната листа на САД ќе биде основа за воведување на мерки од државата врз лица и фирми

А1он12/01/2024 - 07:5912/01/2024 - 08:02

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on25/12/2023 - 12:57

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски07/05/2023 - 16:5508/05/2023 - 07:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен