Минусни температури во Берово, Битола, Демир Капија и Кавадарци

Од:

Најниски температури утрово се измерени во Берово – 5 степени, во Битола – 3, во Демир Капија – 2 и – 1 степен во Кавадарци, Прилеп и Куманово.

Во Штип, Маврово, Крива Паланка, Скопје и Дебар се измерени 0 степени, во Охрид еден, во Претор и во Гевгелија два степени, во Лазарополе и Виница четири, на мерната станица во Пожаране пет, во Дојран шест и во Крушево седум степени.

Времето утрово е ведро, студено и тивко. Во Демир Капија и дел од Скопската котлина има појава на утринска магла.

До крајот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб променлив ветер. Во одделни котлини претпладне ќе има услови за слаба утринска магла. Максималните температури ќе се во интервал од 16 до 22 степени.

Во Скопје сончево со слаб променлив ветер и со температура до 18 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно, суво и претежно сончево време, со услови за слаба магла по одделни котлини. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните благо ќе опаѓаат. Од четврток попладне ќе започне да дува слаб, а за време на викендот и умерен северен ветер.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски