Минусни температури утрово, снег на неколку патни правци

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Снег има на Стража, Попова Шапка, Маврово и Крушево.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 7 сантиметри, 4 сантиметри во Маврови Анови и 2 сантиметри во Пожаране и Крушево.

Минусни температури утрово се измерени на Попова Шапка -7 степени Целзиусови, -5 во Маврови Анови, -4 во Крушево и -1 во Крива Паланка и Берово.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека нула степени се регистрирани во Прилеп, Дебар, Виница, Тетово и Куманово, 1 во Битола, Штип и Охрид, 2 во Претор, Скопје-Зајчев Рид и Скопје-Петровец, 3 во Струмица, Дојран и Демир Капија и 5 степени во Гевгелија.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, на планините и некои повисоки места од слаб снег, претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 8 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски