Министерството за здравство: И да има оставки од доктори, „Жан Митрев“ ќе продолжи со операциите на товар на Фондот

Од:

По објавата на „А1он“ дека тимот доктори од Детската клиника, на чело со Владимир Чадиковски, спремаат оставки, Министерството за здравство денес извести дека досега немале најава за оставките. Дури и да има оставки, од Министерството нагласуваат дека тие нема да се одразат на пациентите, ниту на соработката на Клиниката „Жан Митрев“ со Фондот за здравствено осигурување.

„Доколку одредени доктори по сопствена иницијатива сакаат да ја напуштат Клиниката ‘Жан Митрев’, тоа не значи престанување на спојувањето на експертизите во државното и приватното здравство за унапредување на квалитетот на здравствената заштита за деца со најтешки срцеви болести. Во Клиниката ‘Жан Митрев’ и сега и понатаму ќе се извршуваат кардиохируршките операции на децата што се на товар на Фондот, со експертиза од наши доктори и доктори од Република Србија“, велат од Министерството за здравство.

Од Министерството уверуваат дека сите пациенти што имаат потреба и понатаму ќе ја добиваат неопходната здравствена заштита во оваа клиника затоа што има експерти и доктори од Република Србија, кои во директна соработка со македонските доктори работат на овозможување соодветен здравствен третман на сите пациенти, вклучително и на децата до една година.

Кардиохируршките операции што се извршуваат во приватната болница ќе продолжат да се извршуваат на товар на Фондот како и досега. Болницата има склучено годишен договор за операции на деца до една година и од Министерството велат дека овој концепт нема да се наруши.

„Од аспект на професијата, природно е да има промени во работниот ангажман на доктори и медицински персонал, но ваквите флуктуации на работни места никако нема да влијаат на концептот што е уреден со договорот, со што нема да бидат загрозени пациентите што имаат потреба од ваков вид здравствена услуга. Во случај да има некакви промени во врска со предметниот договор, очекуваме Клиниката ‘Жан Митрев’ формално да се обрати до Министерството за здравство“, велат од Министерството.

„А1он“ вчера објави дека тимот од десет доктори, кој се пресели од Детската клиника, подготвува оставки, незадоволни од неисполнетите услови ветени на почетокот на соработка на јавното и приватното здравство. Клиниката „Жан Митрев“ не одговори на прашањата за несогласувањата со тимот доктори дојдени кај нив од државната клиника.

Би можело да ве интересира

Центарот за мајка и бебе – година работа, 167 среќни семејства

Катерина Ѓуровски

Клиника Жан Митрев дел од Регионалната школа за срцева слабост

Предраг Петровиќ

Два онколошки лекови префрлени од болничка во примарна позитивна листа

Првпат во државата во клиника Жан Митрев имплантирана валвула на белодробната артерија без отворање на градниот кош

Предраг Петровиќ

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката

Лажна страница на Фондот за здравство краде финансиски податоци на граѓаните