Министерот Ивановски во работна посета на Црна Гора

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска ќе престојува во работна посета на Црна Гора, каде заедно со вицепремиерите на Црна Гора и на Србија, Вујица Лазовиќ и Расим Љајиќ, ќе потпише Спогодба за соработка во областа на информациско–комуникациските технологии меѓу трите земји.

Со спогодбата, владите на Македонија, Црна Гора и Србија се залагаат да ја унапредуваат економската, стопанската, научната и техничката соработка во областа на информатичките и комуникациските технологии.

Спогодбата ќе се потпише во рамките на Меѓународниот фестивал за информациски достигнувања „Инфофест“, кој се одржува во Будва.

Би можело да ве интересира

Три реформски закони поминаа во прво читање, додека Законот за инспекциски надзор е целосно усвоен во Собранието на Република Македонија

Алијансата за Албанците: Во тек е процес на деалбанизација на јавната администрација во Македонија

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ

Државната администрација брои 129.374 вработени, во Владата и министерствата работат 14.500 лица

A1on

Не се знае каде и за што се потрошени 12 милиони евра од вкупно 30 за реформи во администрацијата, утврди ревизијата

A1on