Министерот Ивановски ќе го посети Централниот регистар на РМ

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска ќе го посети Централниот регистар на Република Македонија и ќе оствари работна средба со в.д. директорот Андреа Поповски.

Иваноски најави средби со директорите  на институциите по презентацијата на резултатите од спроведената  анкета за задоволството на граѓаните од државните институции, која Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ја спроведува втора година.

Според анкетата, граѓаните оваа година се најмногу задоволни од севкупната работа на Централниот регистар, кој е оценет со највисока  оценка (5) од 51 отсто од испитаниците.

Целта на анкетата е да се постигне конкурентност, спроведување на планираните реформски процеси во јавната администрација и посервисно ориентирани институции.

Би можело да ве интересира

Алијансата за Албанците: Во тек е процес на деалбанизација на јавната администрација во Македонија

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ

Државната администрација брои 129.374 вработени, во Владата и министерствата работат 14.500 лица

A1on

Не се знае каде и за што се потрошени 12 милиони евра од вкупно 30 за реформи во администрацијата, утврди ревизијата

A1on

Штрајкот на вработените во Управата за матични книги останува во мирување

Горан Наумовски