Министерот Дураку на средби во Струга во врска со дивата градска депонија

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку денеска беше во работна посета на Струга, каде оствари средба со в.д. градоначалникот, Забзун Мустафа посветена на проблемот што жителите на градот и околината го имаат со одлагањето на отпадот во нивната општина.

Дураку истакна дека депонијата е проблем што треба де се реши најбрзо што може. Нагласи дека со одлука на Владата, Министерството за животна средина формира работна група за разгледување на проблемот со депонијата, во чиј состав освен од Министерството за животна средина, членуваат и претставници на министерствата за здравство, за транспорт, од Дирекцијата за заштита и зпасување и од Дирекцијата за кризи.

– Како Влада ќе превземаме чекори за решавање на овој проблем по сугестии на работната група, рече Дураку според кого приоритет е да се изгасне пожарот во депонијата.

Запрашан како ќе го решат проблемот со депонијата во Струга тој најави користење средста од ИПА фондовите.

– Сите диви депонии во Република Македонија новиот министер што сега дошол не може да ги реши за еден месец. Градоначалниците на оштината имаат регионални проекти кои ќе се финанцираат од ИПА фондовите и дивите депонии многу брзо во рок од една или две години ќе се затворат, вели министерот за животна средина.

Градоначалникот на Струга Мустафа истакна дека во неколку наврати во минатото барале решение за проблемот.

– Не наидовме на добра волја тогаш, но веќе од првиот ден на формирањето на новата Влада испратив повторно барање за решавање на овој проблем. Се надевам дека со брзата реакција, преку заеднички напори ќе најдеме решение за прашањето, рече Мустафа, истакнувајќи дека општината сама нема сила да се справи со проблемот.

Како моментално решение тој најави ангажирање на експерти по ова прашање на локално и национално ниво, да изнајдат решенија.

На вчера одржаната седница на Владата било дискутирано за проблемот со дивата депонија во Струга, при што е формирана посебна работна група задолжена да изврши увид во ситуацијата и да достави предлог за изнаоѓање решение за проблемот.

Зоран Шапуриќ, кој е член на работната група истакна дека тука се во име на Владата да помогнат во решавањето на проблемот, за кој потсети дека е во надлежност на локалната самоуправа.

– Владата преку работни групи ќе преземе краткорочни мерки за решавање на проблемот, додека како долгорочно решение ќе се пристапи кон изградба на регионални депонии, за кои би се користеле и средства од претпристапните фондови на ЕУ, истакна тој, најавувајќи дека Владата ќе биде информирана со цел изнаоѓање конкретни решенија.

Како првични краткорочни решенија тој посочи конкретни активности за гасење на пожарот на депонијата, со ангажман на расположивата градежна механизација за конзервирање на депонијата.

Граѓани на Струга организирани во повеќе граѓански иницијативи изминатиот период одржаа неколку протести на кои беше испратено барање за итно решавање на проблемот со дивата депонија лоцирана во непосредна близина на градот.

Јованчо Угреновиќ од Граѓанската иницијатива „Доста“ чии претставници присуствува на денешната средба со министерот Дураку, истакна дека депонијата веќе десетина години е извор на загадување и причина за тешки заболувања кај граѓаните на Струга и околните места, за чиј број рече дека е во пораст. Тие бараат нејзино итно затворање и дислокација на местото за одлагање на отпадот од градот и околните населени места.

Би можело да ве интересира

Албанската полиција спречи обид за шверц на марихуана која требало да биде префрлена преку македонската граница кај Струга

Ландов

Изминатата седмица во Охрид и Дебар по 16, во Струга 48 потврдени случаи на Ковид-19

А1он

Нова прoектна активност за одржливо користење на дивите видови растенија

Ана Ололовска

Компанијата Млечна Индустрија ги отфрла обвинувањата за наводно труење на риби во река Брегалница во Делчево

Ана Ололовска

Активности за подобро управување со природните ресурси, се изработуваат нацрт планови за Шар Планина и Охридското Езеро

Ана Ололовска

Нула отпад со истражувачки екопредизвик за заштита на животната средина

Ана Ололовска