Министерот Димитров во работна посета на Данска, Шведска и Финска

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров од утре до 17 август ќе престојува во работна посета на Кралството Данска, Кралството Шведска и Република Финска.

Како што соопшти МНР, во рамки на регионалната турнеја Димитров на своите нордиски колеги ќе им ги претстави стратегиските приоритети на новата реформска Влада насочени кон враќање на европската и евроатлантската перспектива на Република Македонија и нејзините граѓани.

Главниот акцент во разговорите ќе биде ставен на обезбедувањето на што е можно поголема помош од пријателските нордиски демократии, за поефикасно и потемелно спроведување на реформите, како и нивна засилена поддршка за што поскоро придвижување на процесите на интеграција во ЕУ и НАТО.

На средбите ќе бидат разменети мислења и околу можностите за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог, унапредување на билатералните односи и соработката во повеќе области од интерес, информира МНР.

Би можело да ве интересира

МНР реагира за Михаилова: Владеењето на правото не смее да биде селективно

Горан Наумовски

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг

(ВИДЕО) Потпишан договорот за Гренланд: САД добиваат бази, територијален интегритет на Данска

ВИДЕО: Што значи договорот на САД и Данска за Гренланд

Избори во Шведска: Тесна трка меѓу левицата и десницата, можна историска владина улога за крајната десница

Данска: Откриени конкретни подготовки за руска саботажа