Министерката Арсовска-Томовска ја отвори работилницата „DIGIT 2016“

Од:

 Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска денеска ја отвори третата работилница DIGIT 2016 на тема: „Digit Web – Community Websites“. Организатор е Студентскиот парламент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ.

На претходните работилници се диксутирало за 3Д моделирање и графички дизајн, а на годинашниов DIGIT ќе се изработуваат Community WEB страни.

Како што соопшти Министерството за информатичко општество и администрација, Арсовска Томовска истакнала дека ги поддржува ваквите настани, организирани од студентите и нивните здруженија затоа што тие обезбедуваат надградба и апликативна примена на нивните знаења, директна комуникација со нивните идни работодавачи и развој на деловна култура и претприемачки дух.

Продеканот на ФИНКИ за наука и соработка Боро Јакимовски им порачал на студентите дека треба да ја искористат оваа можност за да научат многу повеќе и тоа надвор од училишните клупи и да бидат во тек со новите технологии, а во исто време да развијат тимски и натпреварувачки дух. 

Работилницата почна денеска и ќе трае пет дена, а обучувачи ќе бидат професори од ФИНКИ и експерти од ИТ-компаниите. Ќе учествуваат 33 студенти од техничкиот кампус, со акцент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Студентите стекнатите знаења и вештини од формалното образование ќе ги надградат и применат во развој на веб страни, од кои најиновативните и најкреативните ќе бидат наградени.

Би можело да ве интересира

Три реформски закони поминаа во прво читање, додека Законот за инспекциски надзор е целосно усвоен во Собранието на Република Македонија

Алијансата за Албанците: Во тек е процес на деалбанизација на јавната администрација во Македонија

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ

Државната администрација брои 129.374 вработени, во Владата и министерствата работат 14.500 лица

A1on

Не се знае каде и за што се потрошени 12 милиони евра од вкупно 30 за реформи во администрацијата, утврди ревизијата

A1on