За ВМРО-ДПМНЕ,Специјалното јавно обвинителство уште еднаш покажува дека е продолжена рака на СДСМ. Антонио Милошоски на прес-конференција денеска истакна дека СЈО од читање обвиненија на нарачани прес-конференции против членови на ВМРО-ДПМНЕ сега се префрлија во следна фаза на повикување на што поголем број членови на оваа партија да дадат некакви изјави, сведочења или искази под притисок или уцена.
– Катица Јанева се обидува на секаков начин да му помогне на својот близок Зоран Заев и да ги убеди граѓаните дека пред избори наместо за економски теми, големи проекти треба да размислуваат тоа кој е повикан, а кој не е повикан во Специјалното јавно обвинителство. Но ова воопшто не е чудно бидејќи доаѓа од фабриката за афери во СДСМ којашто е во многу близок секојдневен однос и комуникација со Специјалното јавно обвинителство, рече Милошоски.
Тој додаде дека затоа Јанева во изминатиот период ја заислила својата активност со истакнати кадри на СДСМ кои имаат за цел, како што рече, да настапуваат што е можно побезобразно и подрско кон членовите на само една партија кон којашто таа е насочена тоа се членовите на ВМРО-ДПМНЕ.
– Катица Јанева виде дека претходното дејствување на СЈО не дава резултати на тоа како работи таа и какви политички, конструирани обвиненија поткренува. И сега реши да го смени стилот и затоа тргна во уште потворена кампања против ВМРО-ДПМНЕ, истакна тој.
Според Милошоски ваквите обиди СЈО да повикува што е можно поголем број членови на ВМРО-ДПМНЕ и да ги принудува да дадат некакви лажни искази или изјави нема да помине и нема да успее да ги заплашат или демотивираат членовите на ВМРО-ДПМНЕ.
– Членовите од тимот на Катица Јанева се служат со истите незаконски методи, со уцени и лажни ветувања, се убедуваат да ги натераат граѓаните да се дистанцираат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и да даваат лажни искази, како тече обично разговорот помеѓу некој од тимот на Катица Јанева и одредени луѓе кој што се повикани од ВМРО-ДПМНЕ, најчесто им викаат: „Никој нема да ти каже фала, доколку не дадеш соодветна изјава, биди паметен сега си повикан како сведок во СЈО и дај изјава како што ни е потребна, доколку не следниот пат ќе бидеш повикан како обвинет, тие нема да ти го гледаат семејството, ние можеме да ти помогнеме, ако дадеш добра изјава што ќе ни користи во обвинителството“, посочи Милошоски.
Тој смета дека на ваков начин со притисоци СЈО се обидува да натера луѓе кој што се поканети, а се членови на ВМРО-ДПМНЕ да дадат лажни искази во врска со одредени предмети, кој што СЈО политички ги конструирал.
ВМРО-ДПМНЕ, како што истакна, сака да им порача на извршителите на овие задачи, на аболицираниот Заев, дека ваквите притисоци нема да поминат. – Партијата, додаде, во минатото се соочувала и со потешки притисоци и со поголеми предизвици и сите ги надминувала и излегувала и посилна и по обединета, така ќе биде и овој пат.
Правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ, појасни Милошоски, ќе им помогне на сите оние кој што биле предмет на сите оние кој што биле предмет на било какви уцени, закани или притисоци од СЈО. За наредниот период во СЈО се повикани поголем број на членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ и ние ги повикуваме истите да постапат согласно законот, да не подлегнуваат на притисоци кој што би можеле да ги доживеат во СЈО и да го пријавуваат секое незаконско дејствување.