Милошоски од Џафери бара средства за бојкотирачка кампања

Од:

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, не го сочека партискиот став и лично испрати известување до спикерот Талат Џафери.

Милошоски известува дека ќе учествува во јавна пропаганда за државниот референдум.

„Јас, Антонио Милошоски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во координација со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ве известувам дека ќе земам учество во јавната пропаганда на претстојниот референдум со бојкотирачки став бидејќи сум против референдумското прашање, а бојкотот е загарантирана демократска опција за секој граѓанин“, пишува Милошоски, барајќи за ова да му се обезбедат средства.

Вчера Џафери испрати известување до координаторите на пратеничките групи и до пратениците кои не се организирани во пратенички групи во рок од три дена да одлучат и да го известат дали ќе учествуваат во кампањата и дали нивниот став за референдумското прашање е „за“ или „против“.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ