Милениумски јубилеј на Бигорски манастир

Од:

Познат е датумот на централната прослава на јубилејот – 1000 години од формирањето на македонското древно светлиште Бигорски манастир „Свети Јован Крстител“. На верашното заседение на МПЦ-ОА македонските владици одлучија централната прослава да биде на 18 октомври.

На Синодската седница покрај разгледувањето на прашања од тековниот живот на Македонската православна црква – Охридска архиепскопија, по предлог на митрополитот дебарско – кичевски г.Тимотеј, архриереите го одредија 18 октомвмри 2020 година како ден за соборна православа на големиот јублеј на Бигорскиот манастир и на МПЦ-ОА воопшто -1000 години од неговото основање.

Освен централната прослава на 18 октомври предвдени се и други манифестации по повод илјадагодишнината за кои јавноста дополнително ќе биде запозната.

Датумот 18 октомвеи како ден за прославата на јублејот претходно беше договорен на средбата на митрополитот дебарско – кичевски г. Тимотеј и игуменот на манастирот архимандрит Партениј, со дел од братството и сестринството.

Покровител на прославата ќе биде претседателот Стево Пендаровски.

Прифаќајќи ја поканата од страна на игуменот Партениј да биде покровител, Пендаровски срдечно се заблагодари при посетата на Бигорскиот манастир, на 11 декември.

Се заблагодарам што ми предложивте да бидам покровител на манифестацијата: илјада години Бигорски манастир, бидејќи овој манастир има значење на столб на нашата духовност.

Затоа, оваа покана за мене претставува голема чест.

Самото времетраење и опстојување покажува дека станува збор за многу длабок корен, кој ние, денешните припадници, не само на православната вера, туку и сите луѓе кои гравитираат од овој простор, мораат да го почитуваат. Ако не ги почитуваме корените, сигурно нема да имаме ни иднина, рече тогаш шефот на македонската држава.

Бигорскиот манастир, кој е бастион на македонското монаштво, на автентичната словенска култура, јазик, творештво, архитектура и традиција, оваа година го слави својот милениумски континуитет.

Основан во 1020 година од првиот Охридски Архиепископ Јован Дебранин.

Посветен е на Крстителот Господов, Свети Јован, за кого самиот Господ Исус Христос рекол дека меѓу родените од жена нема поголем од него.

Би можело да ве интересира

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски