Миле Јанакиески и Спиро Ристовски уапсени за 27 април

Од:

Доцна попладнево за случувањата во Собранието на 27 април уапсени се и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и поранешниот министерот за образование Спиро Ристовски.

Тие двајца исто така се осомничени за настаните за 27 април. Покрај Јанакиески и Ристовски уапсен е и актуелниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.

Според досегашните информации  во судот веќе се донесени сите тројца, а  покрај нив осомничени се и Никола Бошкоски и Никола Груевски кои се во бегство и се наоѓаат во Грција.

За настаните од 27 април во притвор веќе се наоѓа поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тој беше притворен по сведоштвата кој во судот ги даде обвинетиот Александар Василевски-Нинџа.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

Уставен суд првпат бара одговорност од судија за непочитување негова одлука

Катерина Ѓуровски

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април