Миле Цеков ја напушти ЗНАМ, пратеникот ќе дејствува независно

Од:

Миле Цеков ја напушта ЗНАМ која е дел од владејчкото мнозинство на ВМРО ДПМНЕ и од денеска е независен пратеник.

Пратеникот Цеков објави дека ја напушта власта и од сега ќе делува како независен пратеник, изразувајќи незадоволство од, како што вели, неисполнетите очекувања и изостанокот на суштински промени.

Тој истакна дека во политиката влегол со цел да придонесе за борба против криминалот и корупцијата и за промена на системот, но дека по две години како дел од владејачкото мнозинство, тие цели не се реализирале.

– Станав пратеник за да се обидам да ги променам работите и да покажам дека има место за чесни луѓе во политиката. За жал, промените не се случуваат, изјави Цеков.

Тој додаде дека не може да биде дел од власт и политички субјект кој, според него, не ги дели вредностите во кои верува, нагласувајќи дека заминува од „политика што не застана зад ветувањата“.

Иако не прецизираше дали ќе ја поддржи опозицијата, Цеков рече дека е отворен за соработка со сите кои ги делат неговите принципи.

Во однос на евроинтеграциите, тој посочи дека ја поддржува европската иднина на Македонија, но со јасно заштитени национални интереси.

„Јазикот, идентитетот и културата не се за преговарање“, нагласи Цеков.

Би можело да ве интересира

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски

Мемов: Дали следниот чекор на СДСМ е напуштање на законодавниот дом, со крајна цел бојкот на следните Парламентарни избори

ЗНАМ го усвои Акцискиот план за 2026 – започнува кампања под слоганот „Европски реформи, европски институции, европска Македонија“

Бендевска: Црвениот аларм е вклучен – потребни се итни мерки против семејното насилство

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците